Кон содржината


Фотографија

Скопје во Османлијско време


  • Најавете се за да дадете одговор
73 одговори на оваа тема

#31 Вон-мрежа   Padisah

Padisah

    Sultan Ulü - l Ebsar

  • ИЗ Администрацијa
  • 8938 Мислења:
  • Локација:Rumeli

Објавено 02 December 2010 - 12:09 PM

Објавенa слика


Хусеин Шах Џамија - Скопје Hüseyin Şah Camii 


Хусеин шах пашина џамија  (1553/54) се наоѓала во Сарај дванаесет километри од Скопје, а била изградена заедно со турбето во 1577/8 година од страна на Хусеин шах паша. По некои сознанија во непосредна близина била и медресата. Џамијата и турбето биле со квадратна основа и куполи.


#32 Вон-мрежа   Padisah

Padisah

    Sultan Ulü - l Ebsar

  • ИЗ Администрацијa
  • 8938 Мислења:
  • Локација:Rumeli

Објавено 02 December 2010 - 14:34 PM

  Многу yбаво што си ги додал турбињата. Е сега, дали знаеме што е останато од ова ? Мислам дека Крал Кзи турбето се уште постои и се наоѓа кај Природно Математички Факултет. Таа била девојка од владетелското семејството на Босна, чинам Котромановиќи. Било планирано да стане невеста на Султанот. На патот кон Истанбул се разболела и починала во Скопје.
  За другите не знам дали уште нешто постои, би требало да има ...


Мислам дека не е останало ниту еден , само рушевини.


 

http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcTskN9-5DEtH_Hwl_NsB4Gzytk-F9mwbiNyPmr7appqH48TOaA9eg

Турбе Крал К'зи


Турбето е лоцирано на источниот дел од ридот Гази Баба, во рамките на познатите муслимански гробишта. Турбето било многу впечатливо, имало квадратна основа. Изградено од камен и тули со покрив од ќерамиди. Му припаѓало на типот отворени турбиња со естетско обликувани отвори.

Според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал. Меѓутоа според едно друго токување и мислења  се вели дека:

Турбето се поврзува, всушност, со моќниот Јигит-паша, освојувачот на Скопје, кој во 14 век градот го преземал од Вук Бранковиќ. Јигит-паша станал не само воен заповедник, туку неговата власт се ширела во сите домени. Тој бил еден од првите жители и османлиски моќници коишто се населиле во Скопје. Месното, немуслиманско население, го ословувало и го почитувало како крал. Тој имал моќ, но и слична титула судејќи според името, бидејќи султанот, таквите заповедници во новоосвоените краишта, ги прогласувал за “краишки војводи”. Во тоа турбе се смета дека била погребана ќерката на Јигит-паша. Така, населението зборувало за кралска ќерка (крал к’зи), а и турбето го носело истото име. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.


 

Од источната страна на Гази Баба се простирал познатиот царски пат. Тоа бил главниот пат кој доаѓал од Исток. Бидејќи Скопје во тоа време било окружено со ѕидини, во близината на Султан-Муратовата џамија и денешниот Бит-пазар се наоѓал еден од најголемите влезови во градот, Источната порта.

Карактеристично е, исто така, дека во тој дел, на источните падини на Гази Баба, се наоѓале најпознатите турбиња во кои почивале славни личности. Гробиштата биле наречени Урјан, според гробот на Урјан-баба. Оваа е  само дел од другите необични личности и познати турбиња кои се наоѓале во близината на царскиот пат кој минувал од тука: турбето на Капан-баба, на Џафер-баба, на Дели-бег...


#33 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 04 December 2010 - 05:03 AM


Да те поправам брате значи не е Елен туку Ј`лан  Капан Џамија - Yılan Kapan или Џејлан Чавуш џамија. Познато е дека македонците поради не знаење на турскиот јазик, некои места или личности ги именувале како нив им одговора односно како наслушнале. 


* имам слушнато дека откако ја срушиле џамијата , при изградбата на темелите на судската палата темелите на неколку пати попуштале, и не можеле да градат, потоа заклале курабан за  да можат да продолжат со работа.

Интересна работа, за курбанот немам слушнато ама знам дека темелите не се стабилни и ѕидот напукнуваше,каква е ситуацијата денес не знам.
  Аллах рази олсун за исправката.


#34 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 05 December 2010 - 08:20 AM

                         
                              Оставштина на Мујезин Хоџа

Тука на едно место ги ставив трите објекти кои ни ги остави Мујезин Хоџа, уште еден голем човек на старо Скопје кој заслужува по него да биде именувана некоја улица или локација.Материјалот е претежно од Падишах Институтот  :)


1.Дуќанџик џамија

Објавенa слика

[img width=500 height=359]http://i265.photobuc..._by_mitatos.jpg[/img]

2. Куршумли Хан (Kursumlu Han)

Објавенa слика[/center]


Изграден е кон средината на 15 век, но точниот датум на неговата изградба не е познат.  На почетокот Куршумли ан бил познат како анот на Мујезин хоџа, според името на неговиот основач и градител.  Се верува дека името „Куршумли„ го добил некаде во 19 век поради покривот од олово.

Границите на Куршумли Хан останале непроменети векови наназад и останале исти и во нашето време.  Неговата позиција се изменила со изградбата на Музејот на Македонија со што е затворена една од уличките кои водат до анот.
Еден дел од Куршумли ан служел за сместувањето на трговците и нивната стока, додека во другиот дел била шталата и останатите помошни соби како и собите за послугата.
Внатрешноста на Куршумли ан е извонредна.  Од другата страна на дебелите ѕидови преовладува чудесна тишина и начинот на изградба комбиниран со празнината создаваат ефект на ехо.  Комплексот без сомнение ќе ве направи да се чувствувате како дел од некоја средовековна приказна во која царевите, палатите и нивните одаи се вистински.  Нема да останете рамнодушни ниту кон полукружните ѕидови на вториот кат од анот ниту кон шадраванот во неговата средина, елементи кои на оваа градба и даваат посебен шарм и посебна емоција.
Во изворите се споменува како здружбина на Мула Муследин-хоџа (Мујезин хоџа Ал Медини), син на Абдул Гани во 1550 кој бил научник на султанот Селим II.
Куршумли ан од своето постоење ја менувал својата функција, отпрвин бил ан се до 1787 год. кога бил претворен во затвор. Од 1904 год. до 1914 год. служел повторно како ан. По својот надворешен и внатрешен изглед не се оделува од останатите типизирани карван-сараи кои постоеле во градските центри.
Во најново време неговите простории се користат како лапидариум на Музејот на Македонија.


Објавенa слика


[img width=500 height=303]http://1.bp.blogspot...00/082741gz.jpg[/img]


3. Шенѓул Хамам - Скопје Şengül Hamamı 


[size=12pt][font=times new roman]Ѓулчилер (Шенгул) амам се наоѓал веднаш до југозападната страна на Куршумли ан. Тој бил единечен амам. Според податоците, тој бил подигнат од страна на Муследин хоџа во втората половина на XV век. Познат бил и под името “Куру хамам” (“Сува бања”). Како хамам служел се до катастрофалниот пожар во 1689 година. Овој објект речиси целосно беше разурнат за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, така што денес од него се зачувани само остатоци од ѕидовите.


#35 Вон-мрежа   Padisah

Padisah

    Sultan Ulü - l Ebsar

  • ИЗ Администрацијa
  • 8938 Мислења:
  • Локација:Rumeli

Објавено 13 December 2010 - 11:09 AM

Скопје во 12 век. со  административната поделба на квартови,  бил поделен на три квартови, и тоа: Градски, Турски и Вардарски кварт.

Градскиот кварт бил  меѓу реките Вардар и Серава. Правецот според кој се одредувал квартот се ширел на следниов начин:  од левиот кеј на реката Вардар и по течението на реката Серава.  Од малиот парк во близината, се излегувало на Сули ан, а оттаму правецот водел кон Исак-бег џамија и Чаир. Неслучајно овој простор  бил означен како “градски” кварт. Сè до  крајот на 19 век, кога градот започнал да се шири, овој урбан простор бил синоним за Скопје. Тврдината како топоним го добива името “Кале” дури по доаѓањето на Турците.


Турскиот кварт, пак, се простирал меѓу левиот брег на Вардар (од утоката на Серава) и левиот брег на Серава, до подножјето на Гази Баба.  Утоката на Серава се наоѓаше веднаш до денешниот Нов мост, на левиот брег на Вардар. Приближно, тоа значи дека десниот брег на Серава гравитирал кон денешната зграда на МНТ, а левиот кон денешната МАНУ. Така, во тоа време, Турскиот кварт, од левиот брег на оваа река, гравитирал кон Гази Баба опфаќајќи делови или цели маала: Пајко маало, Крњево, Карадак маало и други. Реката Серава го делела старо Скопје на Турски и Градски кварт, кои имале и најбројно население бидејќи десниот брег на Вардар се развил подоцна.


Вардарски кварт е дел од градот кој се наоѓал на десната страна од реката Вардар. Уште во 1839 г., германскиот научник Гризебах (кога престојувал во конаците на Хавзи-паша), запишал дека десниот брег речиси и не е населен. Најмаркантен во тоа време секако бил објектот на Бурмали џамијата изградена во 1495 г. Населувањето на овој дел започнало подоцна, се  интензивирало со изградбата на железничката пруга и Железничката станица кои се пуштени во употреба во 1873 г. Првите знаци на засилена “европеизација” која ќе остави трајни белези во урбаниот изглед на градот. Вардарскиот кварт, бидејќи се простирал од десната страна, опфаќал еден поширок простор, од Гази Ментеш маало, Чифчи  или Селаледин маало, потоа Влашко маало, Маџир маало, подоцна Дебар маало, Буњаковец... Во градската топонимија, десната страна на Вардар имала своја специфична ознака: се нарекувала  Каршијака или Оте-јака (од другата страна).


 


Овие  квартови му дале белег на своето време, или поточно самото време и начинот на урбаниот живот ги одредувал нивните граници и специфики како квартови.


Има и една специфичност во административната поделба на Скопје која датира уште од турскиот период, поврзана  со старите скопски маала. Маалата се делеле според тоа како самите жители ги нарекувале, но имало и друга, административната поделба. Еве само некои од имињата на маалата, онака како што жителите ги нарекувале: Ибни Пајко маало, Карадаг (или Карадагли) маало, Прекумос (или Каршијак), Чаир маало, Топ-хане маало, Еврејско маало...


Се спомнуваат 75 маала.  Неколку од нив : Кара-Капуџи маало, Ибни-Чина, Коџаџик, Гази Лала, Кебир Мехмед Челеби, Хатунџиклер, Дуќанџик, Хаџи Балабан, Ново христијанско маало (Христијан), Худа Верди, Чолак баба, Исакие маало (или Исакие евлери), Егит-паша, Киришане, Капан џаде, Екши су (Кисела вода)...




#36 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 21 December 2010 - 06:06 AM



Објавенa слика

Анализирајќи ги личните имиња и потеклото на старите муслимански фамилии во Скопје во 1931 година, Глиша Елезовиќ констатира дека во тоа време во градот постоеле 25 маала со турско население, како што биле Гази Менташ, Даби Шахин, Ине Бег, Исхакија, Кара Капуџи, Хоџа Верди и други.
Османлиското владеење оставило видни траги во сите сфери на животот  и во изгледот на градот. Според тоа, градот Скопје  попримил многу ориентални карактеристики.
  Како последица на доселувањето на население од етничките предели во Македонија и нивно концентрирање во одредени делови на Скопје, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата -  на пример Дебар маало, Карадаг маало и слично.
  Доселените селани во градот продолжувале да се занимаваат со земјоделството. Така, во Скопје настанало Ново маало или како уште го нарекувале Чивчи  маало (од турскиот збор “чивчија”, т.е. земјоделец).
  Ваквите и слични преселувања на населението придонесувале за промена и проширување на одделни скопски маала. Така, жителите на Маџир маало се префрлиле на другата страна од железничката пруга долж патот кон Лисиче и Драчево и тој дел се нарекувал Хамидије.
Внатрешните преместувања на скопјани имале и друг карактер. На пример, Дебар маало го населувале жители од стариот дел на градот. Причина за тоа било подмирување на одредени долгови, бидејќи со парите добиени од продадената поскапа куќа во постариот дел на градот, тие можеле да го исплатат долгот, а благодарејќи на пониските цени на земјиштето на периферијата на Скопје,  можеле да купат нов поевтин плац за градење на нова куќа. 

Објавенa слика

  Во периодот помеѓу двете светски војни  административната поделба на населението во Скопје на одделни маала на левата и десната страна на реката Вардар била затекната од минатиот век. Така, на левата страна на реката Вардар се наоѓале: Пајко ( Ибни Пајко) маало, Карадаг маало,Чаир маало, Топаана или Топхана, Чивутана или Еврејско маало, како и маалата Хаџи Хајредин, Хаџи Хурем, Мухјидин Челеби, Џедит Иса бег, Тешвекије и Ново христијанско маало. На десната страна биле лоцирани  Гази Менташ маало, Хаџи Салахедин (Алаџа Селаледин) маало, Чивчи маало, Хараџи Салахедин (Ново) маало, Вардар или Мухаџир маало, Хамидије маало.  Трагите од минатото на Скопје  се забележливи, така што во поновите планови на градот се спомнуваат старите имиња на маалата, како што Киришана, Барутана, Маџир маало, Стара Бирарија, Тахтаилиџе итн.
За маалата и улиците се употребувале старите имиња, Киришана (Авијатика), Буњаковец, Барутана, Еврејски гробишта, Влашко маало (Чифлик, Нова Банка), Елашица (Дебар маало), Долно Водно (Државна Болница), Железничка колонија (фабрика Треска), Ислаана (Офицерски Дом, Градски Парк), Кисела Вода (Каменолом) итн.


#37 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 22 December 2010 - 05:28 AM

                                                        Ибни Пајко маало

[font=times new roman]Ибни Пајко маало било најголемото и најпознатото маало во Скопје, кое се простирало меѓу реката Вардар од една страна и Покриената чаршија и Карадаг маало од другата страна. Во состав  на ова маало спаѓало и Егид Пашино маало кое било големо.
  Името го добило по Ибни Пајко,богат и угледен Скопјанец кој живеел многу одамна,познат како доброчинител. Не би знаел точно да кажам кога. Постоела и Ибни Пајко џамија.Турците го напуштале маалото во 20 век и со тек на време, меѓу двете светски војни, тука се населиле видни православни семејства.
  Денешната адвокатска улица, комплексот банки и Народната универзитетска библиотека “Климент Охридски” се наоѓаат на територијата на ова маало.


[size=12pt][font=times new roman]  Фотографијата е направена од страна на самото маало.Се гледа кровот на минарето на Ибни Пајко џамија која се наоѓала на левиот брег на Вардар, веднаш кај камени мост. Од другата страна на мостот се гледаат лево народна банка и десно офицерски дом, на местото на уништената Бурмали џамија.
  Доле десно се гледа место каде што пајтоните чекале муштерии. Таму бил и дуќан со како што велат најдобар симит во градот.


Објавенa слика

#38 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 22 December 2010 - 05:57 AM

                                                Чаир


Ова маало се простирало од Пајко и Карадаг маало по р. Серава сé до периферијата на градот,  со центар кај “турбето”. Населението во Чаир било мешано, муслимани и православни. Затоа, во маалото преовладувале два типа на куќи:  македонски и турски.

Панорамски изглед на Чаир маало, Скопје,
помеѓу двете светски војни

Објавенa слика

[font=times new roman] Дел од Чаир во близина на Иса Беговата џамија,
помеѓу двете с
ветски војни

Објавенa слика

Периферијата од овој дел на градот, под маалото Гази Баба, била изградена слично на онаа во Карадаг маало. Можеле да се сретнат изолирани одделни куќи со дворови кои ја криеле интимната домашна атмосфера, карактеристична за муслиманскиот начин на живеење.



#39 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 22 December 2010 - 06:13 AM

                           
                                              Влашко (Хаџи Салабедин) маало


  Османлијските државни власти во Скопје населиле околу 20 куќи со Власи и  тој дел на градот го добил името Влашко маало.Се наоѓало од десната страна на Вардар, на место на бивша Стоковна Куќа. Барем според името на маалото би можело да се заклучи дека маалото е од постар датум и дека влече некакви Турски корени. Ве Аллахуалем.
  Tоа за населувањето на разни етнички и верски групи од страна на Османлиите е интересен податок. Османлиите не доведувале само Турско население од Анадол, туку и претсавници на сите можни етникуми и вери. Османлијскиот систем виреел најдобро кога талентите на сите тие различни групи се среќавале на едно место. Практична и применета толеранција на дело.


Објавенa слика

                                Маџир или Мухаџир маало

Муслиманите доселеници во Македонија биле нарекувани  “мухаџири” или “маџири”.Мухаџири се луѓе кои чинат хиџра, го напуштаат своето место на живеење кога  повеќе не можат  да ја практикуваат својата вера. Таква најчесто била состојбата во разните Балкански земји по нивното одцепување од Османлијската држава или завземање на Кавказот од страна на Русија.
  Во минатото, првите  мухаџири во Скопје биле доселени во Черкеско маало, Чаир и во Топаана, а пред заминувањето на Османлиите биле населени на десната страна на реката Вардар, во близина на Влашко и Ново маало. Во двете новоформирани улици биле изградени идентични куќи кои добиле име “Бошњачки сокак” или “Бошњачки куќи”.
  Во маалото имало неколку јавни чешми, но, речиси во секој двор имало бунар. Од бунарите водата се извлекувала рачно, а подоцна со помош на пумпи.
Маџир маало е постаро од Ново маало кое никнало подоцна, на десната страна на Вардар, веднаш покрај реката, како продолжеток на Влашко маало кое е веќе спомнато.Ново или чивчи маало било населено подоцна, со луѓе од Скопските села. Тие и по преселбата во градот, продолжиле со обработување на земја. Така нивното маало било познато по убавите бавчи.
  На десната страна на реката Вардар некогаш имало џамија наречена Мухаџир џамија. Според легендата, неа ја подигнале Турци-мухаџири од Ниш.

Маџир маало имало испресечени куси тесни улици, како во старите градови на Турција. По таквите улички не можело да се помине со обична кола или кочија со коњи. Како во секое турско маало, имало доста ќорсокаци. Прави улици имало во Ново маало и помеѓу Влашко и Маџир маало во христијанскиот дел на градот.

Во Маџир маало, куќите како и нивните дворови, биле многу слични.


                                      Тахталиџа или Тафталиџе

  Некој многу богат турски ага бил сопственик на пространа ливада на овој простор. Тој ливадата  ја оставал “за севап на својата душа, да се шета по неа  и турско и каурско”.  На оваа ливада луѓето се собирале заради чистиот воздух и убавата природа. Не случајно постарите скопјани ова место го нарекувале “шумска воздушна бања”. Во Тафталиџе имало само  по некоја куќа.


#40 Вон-мрежа   DIZDAR

DIZDAR

    Везир

  • ИЗ Администрацијa
  • 1194 Мислења:
  • Локација:Румели

Објавено 22 December 2010 - 07:10 AM

                                Еврејско маало (Чифутаана)

Евреите одамна живееле во Скопје каде што биле населени од Османлиите, како избеглици од Католичка Шпанија. Маалото се наоѓало од левата страна на Вардар, во продолжеток на Ибни Пајко маало.Кога се минува камениот мост кон левиот брег, се врти лево, на место на старата меѓуградкса автобуска станица. Маалото имало доста богати жители и убави куќи. Имало и синагога. познатиот дрвен мост бил во тој дел..

Објавенa слика

Театарот изграден од валијата Махмуд Шевкет Паша.. Горе се гледа калето а во непосредна близина се зградите на Еврејско маало.  Блиску до зградата на театрот се уште се наоѓа мостот на Вардар изграден од истиот валија, кaj бараките на електродистрибуција. Туке не се мисли на дрвениот мост, туку на еден друг, кој се уште постои.

Објавенa слика